Достапни линкови

Москва: Преговарачите на Русија и Грузија ги усвоија предлозите за заедничко спречување инциденти


Преговарачите на Русија и Грузија ги усвоија предлозите за заедничко спречување на инциденти во регионот и механизмите како да се одговори на нив. Ова следува по дводневната конференција во Женева каде се водеше четвртата рунда преговори меѓу овие две земји, поради краткотрајната војна летово околу отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија. Во соопштението се наведува дека усвоените предлози се направени во интерес на мирот, стабилноста и безбедноста и со цел да се спречат евентуални инциденти во регионот.
XS
SM
MD
LG