Достапни линкови

Каква ќе биде кампањата на партиите на овие избори?


Политичките партии се подготвуваат за предизборната кампања. Експертите сметаат дека не треба да се трошат премногу пари.

Напред Македонијо или Македонија кон Европа , вака се пееше на минатите избори. Кои химни ќе ечат од изборните штабови за овие избори се уште не се знае. Пеачите велат дека имаат понуди од партиите но се уште не одлучиле дали и за кого ќе настапуваат. Едни се двоумат затоа што по настапите на изборите добиле етикети дека се симпатизери на таа партија. Други пак веќе несакаат да пеат за
кога се работи за професионален ангажман, тогаш колку пари толку музика
партиски избори. Има и такви кои на сето тоа гледаат како на професионален ангажман.

,,Може некој од нас да симпатизира некоја партија, но кога се работи за професионален ангажман, тогаш колку пари толку музика,"

вели пејачката Верче Пандиловска.

Вообичаено е пред избори а и после тоа да ги гледаме лицата на кандидатите и слоганите на партиите скоро на се. Да висат на огромни знамиња закачени на згради, да не гледаат од билборди. Да стојат близу до срцето залепени на маички или луѓето да палат цигара со запалка на која стои заокружете го бројот 3.

Од печатниците велат дека партиите имаат традиционални барања

,,Пенкала, запалки, но имало, се ставеле имиња и на топчиња за притисок и на фризбија,"

велат од печатницата „Грал“

И од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ сеуште не ги откриваат деталите за тоа какви кампањи ќе водат и колку пари планираат да
Пенкала, запалки, но имало, се ставеле и имиња и на топчиња за притисок и на фризбија
потрошат но најавуваат поскромни кампањи. Експертите за политички маркетинг велат дека партиите треба да внимаваат и да користат поефикасни сдедства за информирања кои не мора да бидат скапи.

,,Доколку потрошат многу пари, и кампањата изгледа многу скапа таа ќе има контра ефект меѓу гласачите. Гласачите ќе кажат, овие се расфрлаат со пари, а ние сме отпуштени од работа и немаме основна егзистенција, така што тоа може да предизвика контра ефект,"

вели професорот Јован Ананиев.

Експерите се надеваат дека кампањите кои следат нема да бидат како претходните. Тие очекуваат од кандидатите помалку да манипулираат со јавноста и помалку да се навредуваат со противкандидатите. Туку да бидат просветлувачи кои треба да бидат модел на однесување на кој ќе се угледаат граѓаните.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG