Достапни линкови

logo-print

Белград го пренесе косовскиот проблем на дипломатско-правен терен


Вук Јеремиќ, Министер за надворешни работи на Србија

Вук Јеремиќ, Министер за надворешни работи на Србија

Според тамошните аналитичари, шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ и владејачката коалиција беа многу активни со извесни резултати.

Официјален Белград како посебен успех го истакнува мнозинството гласови во Обединетите нации со што Меѓународниот суд на правдата треба да пресуди за легалноста на прогласувањето на косовската независност. Тука се бележи и забавувањето на процесот на признавањето на Косово, како и распоредувањето на ЕУЛЕКС мисијата на Косово според правилата на Белград. Сепак, некои во Србија оценуваат дека само една година од косовската независност, рефренот зачувување на интегритетот врз Косово, всушност е
Вистината е таква што Србија ја нема на Косово
виртуелна реалност.

Вистината е таква што Србија ја нема на Косово, што Србија нема никаков свој државен суверенитет на Косово уште од Кумановскиот договор во илјада деветстотини деведесет и деветата година.

Вели лидерот на Српското движење за обнова Вук Драшковиќ, наведувајќи дека тој е еден од оние што се борат Србија да се врати на Косово со тоа што ќе стане силна држава.
А како Србија може да стане силна држава? Само ако стане членка на Европската унија и на НАТО.

А како Србија може да стане силна држава? Само ако стане членка на Европската унија и на НАТО. Затоа сум за евроатлантските интеграции.

Вели екс министерот за надворешни работи Вук Драшковиќ. Една година од незавиноста на Косово се чини дека кај српската владејачка елита опадна нивото на ентузијазмот во докажувањето дека Косово е Србија. Ова мислење не го дели Оливер Ивановиќ, државен секретар во министерството за Косово и Метохија, додавајќи дека тоа може да се каже за другата страна:



Кај албанците, со оглед на тоа што очекуваа брзо и масовно признавање на независноста, кое се сведе на пеесет и четири земји. Незавиноста не може да се јаде, а тоа сега го сфатија и обичните Албанци.

Вели Ивановиќ. Некои оценуваат дека во Србија мора да се раздвојат две работи: ентузијазмот на пошироката јавност кој е на ниско ниво поради повеќегодишните војни, бегалските бранови и меѓународните санкции и таканаречениот ентузијазм на српските политички елити. Претседателот на Центарот за евроатлантски студии Јелена Милиќ смета дека власта во Србија секоја тема ја крева на виско ниво преку медиумите.
Незавиноста не може да се јаде, а тоа сега го сфатија и обичните Албанци


Мислам дека таа тема српската власт ја спушти за една скала пониско во изминативе месец, два. Не верувам дека тоа е поради префрлувањето на Косово на теренот на политиката, туку поради јасните пораки од меѓународната заедница.

Наведува Јелена Милиќ, додавајќи дека ентузијазмот во врска со Косово и служеше на власта за скривање на другите големи проблеми со кои се соочува Србија и оти сега косовската тема ќе биде заменета со стравот од светската економска криза.
XS
SM
MD
LG