Достапни линкови

Вашингтон: Американскиот претседател го потпиша законот за економска помош


Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за економска помош во вредност од седумстотини осумдесет и седум милијарди долари. Пакетот предвидува даночни олеснувања за работниците, поголема потрошувачка за инфраструктурата и помош за сиромашните и невработените. Се очекува денеска Обама да ја изнесе стратегијата за решавање на проблемот во областа на кредитите за недвижности. Во меѓувреме, автомобилските фабрики Џенерал Моторс и Крајслер побараа од владата дополнителни пет милијарди долари за да ги надминат финансиските тешкотии.
XS
SM
MD
LG