Достапни линкови

Скопје: ДИК ќе го одредува редоследот на кандидатите на избирачкото ливче


Државната изборна комисија денеска со жребка ќе го одреди редоследот на кандидатите на избирачкото ливче за претстојните претседателски избори. Во трката за шеф на државата влегоа професорите од Правниот факултет Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски кандидат на СДСМ, независниот кандидат Љубе Бошкоски, Нано Ружин од ЛДП, Агрон Буџаку од ДУИ, Мируше Хоџа од ДПА и Имер Селмани од Нова демократија.
XS
SM
MD
LG