Достапни линкови

logo-print

Љубљана: Словенечкиот парламент ќе расправа за референдум за влезот на Хрватска во НАТО


Словенечкиот парламент денеска на вонредна седница ќе расправа за иницијативата за распишување референдум за прашањето на влезот на Хрватска во НАТО. Барањето за одржување референдум го поднесе пратеничката група на Словенечката национална партија, која бара парламентот да ја прифати нивната изјава за заштита на словенечките интереси. Во неа треба да пишува дека Словенија, во текот на осамостојувањето, го имала целиот Пирански залив и непречен излез на отворено море и оти Хрватска сега тоа го оспорува. Бидејќи минатата недела 75 отсто од пратениците веќе се изјаснија против идејата за распишување референдум, не се очекува парламентот да го промени мислењето. И премиерот Борут Пахор апелираше до граѓаните да не ја потпишуваат иницијативата за референдум, истакнувајќи дека тоа не е во интерес на Словенија.
XS
SM
MD
LG