Достапни линкови

Година исполнета со несигурност за Косово


Косово денеска ја одбележува првата годишнина од прогласувањето на независноста.

Премиерот на Косово Хашим Тачи кој вчера симболично го посети семејството на едногодишната Паваресија што на албански јазик значи Независност ги повика сите граѓани да учествуваат во прославувањето на годишнината на најмладата држава во светот.

„Ги повикувам сите граѓани на Косово, без оглед на етничката припадност, да прославуваат со гордост. Ова е година на историски успех. Косово има безбедна иднина.“

Схефер, Седиу, Тачи

Косово има нов устав, нова химна, армија, знаме. Европската мисија полека ги презема ингеренциите од Обединетите нации и немаше поголеми насилства.

„И владата и луѓето на Косово имаат причина да бидат горди. Нов устав, стотици километри нови патишта, нови училишта.“

Вели американскиот заменик помошник државен секретар Стјуард Џонс кој деновиве престојуваше на Косово. Сепак, има уште многу да се сработи. Најгомеи проблеми се корупцијата и криминалот, како и невработеноста која е над четириесет насто. На Косово живеаат и околу сто дваесет илјади срби кои поддржани од Белград одбиваат да ги прифатат новите институции и се закануваат со де факто отцептување.

„Србија, секако ниту со еден свој акт нема да го поддржи воспоставувањето на незвисноста на Косово и ангажманот на Косово како на таканречна незвисна држава во меѓународните институции.“

Изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, додавајќи дека Србија со својата активност успеала да го забави процесот на меѓународно

Србија, секако ниту со еден свој акт нема да го поддржи воспоставувањето на незвисноста на Косово и ангажманот на Косово како на таканречна незвисна држава во меѓународните институции, вели српскиот претседател Тадиќ.
признавање на Косово. Премиерот Тачи предвидуваше дека во првата година Косово ќе го признаат повеќе од сто држави. Денес, нивниот број е само пеесет и четири. Од некои како Србија и Русија тоа Приштина и го очекуваше, од некои, меѓу нив и пет членки на Европската Унија, не. Косово доби милијарди долари помош откако стана протекторат на Обединетите нации во илјада деветстотини деведесет и деветата година. Но, така не беше по прогласувањето на независноста. Сега, тука се и страхувањата од глобалната економска криза.

„Година по незвисноста, не гледам некоја разлика. И ако има некоја промена, таа не голема. Само некои улици се поправени. Невработеноста е голема, корупцијата расте, а да не зборуваме за криминалот.“

Вели Арсим Селамиџичи кој живее во Приштина. Од друга страна, кај албанците е и страхувањето од она што ќе се случува на северот на Митровица каде што мнозинското српско население не ги прифаќа новите институции. Безбедноста на Косово и натаму е кревко и поради тоа над петнаесет илјади НАТО мировници остануваат таму. Наскоро се очекува да заврши и целосното распоредување на две илјади припадници од ЕУЛЕКС мисијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG