Достапни линкови

Македонија да ја искористи поддршката од Словенија на патот кон ЕУ


Македонија треба да го искористи пријателството и поддршката од Словенија во процесот на евроинтегрирање, велат експертите.

Македонија треба да го искористи пријателството и поддршката од Словенија во процесот на евроинтегрирање, велат експертите. Добра прилика за тоа е дводневната посетата на претседателот на Словенија данило тирк во земјава. Познавачите посочуваат дека словенија е еден од најголемите лобисти за укинување на визите за македонските граѓани и за прием на земјава во ЕУ и НАТО. Од друга страна Македонија, велат тие, треба да ги исполни критериумите за членство и да им ја олесни работата на европските пријатели. Професор Димитар Мирчев, кој беше и македонски амбасадор во Словенија вели дека словенечката поддршка за македонското евроинтегрирање е пред се принципиелна. Нивен став е балканските земји да влезат во евроатлантските структури:

„Со нашето интегрирање, па и на другите држави и Словенија добива една подлабока поддршка како членка на ЕУ и еден посилен глас во одлочувањето во ЕУ.“

Претседателите Бранко Црвенковски и Данило Тирк ќе присустуваат и на попладневната средба помеѓу македонските и словенечките стопанственици. Според податоците на Заводот за статистика, Макеоднија и Словенија имаат трговска размена од речиси 200 милиони долари годишно. Професор Мерсел Биљали токму во бизнисот го гледа интересот на Словенија за зачленување на земјите од Балканот во Унијата.

„Тие имаат реален интерес затоа што по своја природа овие нови држави се добар пазар за Словенија, и второ сепак постои една традиционална врска која си има свој ефект и тука јас го гледам загалањето на Словенија за побрз прием на овие земји во ЕУ.“

Биљали ја гледа посетата на словенечкиот претседател како израз на доверба и пријателство меѓу двете земји. Тој објаснува дека Македонија и Словенија делат заедничко минато и делат традиционално добри односи. Но, Македонија сепак треба да ги почитува европските демократски вредности за да им ја олесни работата во лобирањето:

„Словенија како една членка, а се знаат механизмите на одлучување во рамки на ЕУ, неможе нешто спектакуларно да стори за нас, ако ние самите не учиниме за себе.“

Словенија е една од првите земји кои ја признаа независноста на Македонија и веднаш потоа двете земји воспоставија дипломатски односи.
XS
SM
MD
LG