Достапни линкови

Вашингтон: Кон крајот на февруари продолжува дијалогот за воената соработка меѓу САД и Кина


Кон крајот на февруари Кина и САД ќе го продолжат дијалогот околу воената соработка кој е прекинат минатата година откако Пекинг протестираше поради продажбата на американското оружје на Тајван. Портпаролот на Пентагон, Брајан Витман изјави дека на 27 и 28 февруари ќе биде одржан состанок на претставници на Пентагон и на кинеската војска за координација на одбранбената политика. Состанокот ќе се одржи по посетата на Кина од страна на државната секретарка Хилари Клинтон од 20 до 22 февруари.
XS
SM
MD
LG