Достапни линкови

Сведмилк дожи стотици илјади евра


Macedonia - Prime Minister Nikola Gruevski, opening of Swedmilk factory, Skopje, undated

Macedonia - Prime Minister Nikola Gruevski, opening of Swedmilk factory, Skopje, undated

Прилепчанец Кире Небрежанец жали дека Сведмилк му должи над сто илјади евра и бара заложби од државата

37 годишниот прилепчанец Кире Небрежанец е најголемиот производител на млеко во Пелагонија. Тој се соочува со сериозни финансиски проблеми и опстанок на фармата со над 260 грла добиток, зашто 6 месеци не може да ги наплати парите за предаденото млеко во Сведмилк:

,,Се работи за големи пари, ако веќе се прашуваме, лично мене ми должат повеќе од 100 илјади евра. За еден месец јас продавам околу 70 тона, за една година имам официјално продадено близу 700 тона млеко."

Секој ден вели Небрежанец растат долговите, банкарските камати за кредитите инвестирани во осовременување на процесот на работа, добавувачите на сточна храна инсистираат да ги наплатат своите побарувања, а пари нема. Во фармата која успешно работела изминатите 10-ина години овој фармер вложил над милион евра, Хасап стандардот за производство на млеко го имплементирал уште при стартот на производството, кога набавил современи машини од светски познати брендови каква што е алфа-ла-вал. За тековна работа на фармата ангажирани се 30 луѓе. Но, состојбата секој ден се жали овој сточар е се покритична, а откупната цена на млекото постојано опаѓа:

,,Откупната цена не е дефинирана. Во Пелагонија млекото се откупува од 9 до 18 денари, како ќе биде со Сведмилк ќе видиме."

Овој прилепски млекопроизводител бара и очекува државата да се заложи, не само ад хок да се решаваат проблемите, туку да се подготви стратегија за трајно решавање на проблемот со пласманот и исплатата на млекото, зашто вели не смее да се дозволи да пропаѓаат инвестициите на македонските фармери кои сами маки мачат да ја обезбедат својата егзистенција. Зашто според калкулациите и во нормални услови со заработувачката како што вели може да се платат само банкарските кредити, профит нема.

Сепак вели Небрежанец, нема да се откаже од својот бизнис, ке се бори со сите сили да ја одржи фармата, која е негов семеен бизнис.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG