Достапни линкови

Загреб: Членството на Хрватска во НАТО и ЕУ нема да пропадне поради Словенија, изјави Санадер


Хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека поради Словенија нема да пропадне влезот на Хрватска во НАТО и во Европската Унија. Несогласувањата околу точната линија на границата постојат уште од распаѓањето на Југославија и Словенија со тие отворени прашања влезе во Европската Унија така што според Санадер, тоа мора да биде можно и за Хрватска. Санадер во интервју за виенскиот весник Пресе напомена дека словенечко-хрватскиот спор треба да се реши пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
XS
SM
MD
LG