Достапни линкови

Каракас: Отворена можноста за уште еден мандат на венецуелскиот претседател Хуго Чавез


Гласачите во Венецуела го поддржаа амандманот за измена на Уставот, со кој се укинува ограничувањето за претседателскиот мандат. Со ова се отвара можноста актуелниот претседател Хуго Чавез, повторно да се кандидира за претседател на земјата и по истекот на неговиот втор мандат на оваа функција, во 2013-та година. На вчерашниот референдум, повеќе од 54 % од гласачите го поддржале амандманот за измена на Уставот, соопшти изборната комисија.
XS
SM
MD
LG