Достапни линкови

Тел Авив: Ослободување на израелскиот војник па потоа отварање на сите гранични премини кон Газа


Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека Израел нема да се согласи на потполно отварање на граничните премини кон Појасот Газа, се додека не биде ослободен израелскиот војник Гилат Шалит, кој беше заробен од палестинските милитанти во 2006-та година во Газа. Олмерт најави дека е можно ослободување на повеќе палестински милитанти од израелските затвори, во замена за ослободувањето на војникот Шалит. Отварањето на граничните премини, е едно од најспорните прашања во преговорите за примирје во кои посредува Египет, по тринеделната израелска офанзива во Газа против радикалното палестинско движење Хамас.
XS
SM
MD
LG