Достапни линкови

Преку сивата економија го зачувувуваме социјалниот мир


Битка против сивата економија, но потребно е време. Во меѓувреме, токму со сивата економија се „купува“ социјалниот мир.

Надлежните планираат интензивирање на борбата против сивата економија со надеж за комплетно искоренување на оваа појава. Експертите се согласуваат со надлежните во тврдењето дека сивата економија е штетна за развојот на пазарот, но предупредуваат дека од друга страна, непријавената работа, нерегистрираните дејности на одреден начин придонесуваат за одржување на соци
Во економската теорија сивата економија делува на негативно на економскиот раст, меѓутоа во овие услови треба систематски, постпено да се елиминира оваа појава, бидејќи ние сме држава со длабоки социјални проблеми. На одреден начин во овие услови тое е оддржување на некои ,,поблаги“ економски тензии.“

јалниот мир, во услови кога стапката на невработеност е висока. Секретарот на министерството за труд и социјална политика Душко Миновски вели дека во тек е регрутирање на кадри од другите Министерства во државава кои ќе се обучуваат за контролори и инспектори.

„Инспекторатот се зајакнува со човечки ресурси и моторни возила, бидејќи сме во позиција кога имаме рестрикција и проблеми со буџетот, побарано е со заклучок на влада од сите министерства сите кадри кои што евентуално не се доволно искористени да бидат ставени на располагање на министерството за труд.“

Миновски додава дека обидот за истребувцање на сивата економија е мошне амбициозен потег кој не може веднаш да се оствари:

„Ние имаме континуирана заложба за искоренување на сивата економија, меѓутоа тоа е преабициозно, нели. Не води стратешкиот план и програмата на владата, меѓутоа знаеме со какви се проблеми се соочуваме.“

Експертите се согласуваат со тврдењата на надлежните. Професорот Петрит Положани вели дека развојот на сивата економија во земјава треба да се намалува:

„Во економската теорија сивата економија делува на негативно на економскиот раст, меѓутоа во овие услови треба систематски, постпено да се елиминира оваа појава, бидејќи ние сме држава со длабоки социјални проблеми. На одреден начин во овие услови тое е оддржување на некои ,,поблаги“ економски тензии.“

Инаку, Според официјални податоци од Државниот завод за статистика, сивата економија во земјава зафаќа 30 отсто од бруто-домашниот производ. Но, неофицијалните процени покажуваат дека сивата економија сочинува дури 57 отсто од БДП на земјава.
XS
SM
MD
LG