Достапни линкови

Маркус Репник, постојан претставник на Светската Банка во Македонија


Маркус Репник, Светска Банка
Маркус Репник, Светска Банка

Економскиот раст во Македонија во 2009 ќе биде значително помал

Macedonia - Markus Repnik, World Bank

Господине Репник, како изгледа македонската економија во очите на светската банка?

Дозволете ми да почнам од глобална перспектива. Како што сите знаете со соочуваме со една глобална, историска и економска криза која брзо се шири. Пред десеттина дена Меѓународниот монетарен фонд ги презентираше најновите светски економски перспективи и глобалните прогнози за економскиот раст. Според нив за 2009 година прогнозите за економскиот раст се севедени скоро на нула, што значи дека во 2009 година ќе има најниска стапка на економски раст од времето на Втората светска војна. Европа е во рецесија. Економскиот раст во Европа ќе биде негативен и ќе изнасува -2 проценти. Во 2007 и 2008 во Македонија економскиот раст изнесуваше 5, 6 насто. Нашите проценки покажуваат дека годинава тој ќе биде значително понизок и ќе изнесува околу 3 проценти. Ако ги погледнеме трите клучни елементи на македонската економијата, проекциите и прогнозите не ни одат во прилог.. Тоа се извозот, приливот на странски пари во земјава и странски директни инвестиции. 60 проценти од македонскиот извозен пазар е во Европа, таа е во рецесија, и според првите ефекти видовте дека извозот претрпе последици.

Јасно е дека Македонија не може да биде изолиран случај во тој глобален тренд. Но како ги оценувате економските мерки на владата за заштита од последиците од кризата?

Па ќе кажам дека овие мерки на владата следуваат како што следуваат и глобалните мерки. Погледнато во целина постојат три клучни мерки кои владите ги преземаат, а тие се веќе преземени и тука во Македонија. Прво инвестирање во инфраструктурата. Инфраструктурата е важна за нови работни места или барем за одржување на вработувањето. Тука владата планира да направи големи инвестиции на локални и регионални патишта, на пример, а ние сме кофинансиери во тие проекти. Второ е да се подобри бизнис климата. Ја охрабруваме владата да ги продолжи почнатите реформи за подобрување на инвестициската клима во земјава. И трето е да се заштитат најранливите, да се заштитат сиромашните. Да се зајакнат програмите за социјална помош и со влассдата сме веќе во преговори за ова прашање. Овие се значи трите глобални мерки кои веќе може да ги видите и во Македонија.

Споменавте дека е потребно подобрување на бизнис климата. Како тоа да се направи и зошто странските инвеститори се плашат да дојдат во земјава?



Прво морам да кажам дека во оваа насока Македонија направи значителен напредок во однос на подобрување на бизнис климата. Дозволете ми да ве потсетам дека во 2008 година Македонија беше една од четирите топ земји кои покажаа подобрување на бизнис климата. Но она што е важно е прво да се привлечат странски директни инвеститори, а потоа откако ќе одлучат да инвестираат во Македонија вистински да им се помогне да почнат и да основаат свој бизнис тука.

Светската банка е присутна во Македонија речиси од нејзиното осамостојување, преку различни форми на поддршка. Но зошто и по толку години не се забележува подобрување на животниот стандард во земјава?

Подобрувањето на животниот стандард е поврзано со економскиот раст, со неговото одржување подолг период или со идеалниот пораст од 5 или повеќе проценти. Ако погледнетедобро, Македонија имала таква стапка на раст само двапати од незјиното осамостојување. Тоа е минатата година и 2007 година. Прашањето е зошто земјава имала токлу ниска стапка во сиве изминати години? А за тоа се одговорни и внатрешни и надворешни фактори. Вие подобро ја познавате историјата на вашата земја и знаете дека патот по осамостојувањето беше со многу пречки. Се сеќавате на грчкото ембарго, на војната, на конфликтот од 2001 година, значи една регионална средина полна со предизвици која направи да биде тешко да се одржи стапката на еконосмки раст на задоволително ниво. И како што споменав првпат се случи во 2007 и 2008 двете години по ред таа стапка да биде повисока од 5 проценти.

Дали сметате дека банкарскиот систем во земјава е либерализиран?

Да стабилизиран е и стабилен. Во контекст на светската финансиска криза македонскиот банкарски систем останува стабилен. во споредба со другите земји. Тоа има врска со тоа што во Македонија пропорцијата помеѓу влоговите и заемите е многу добро, во споредба со другите земји во регионот.

Дали каматните стапки во македонските банки се високи?

Тоа е релативно. Има врска со конкуренцијата во банкарскиот сектор. Конкуренцијата во банкарскиот сектор се зголемува. И зголемената конкуренција во банкарскиот сектор има ефекти врз каматните стапки.

Сепак, јавното мислење е дека каматните стапки во Македонија се повисоки. Но зошто странски банки не доаѓаат во Македонија. Ги има, но сепак дали се доволно?

Се е релативно. Споменав 14 од 18 банки се во странска сопственост што значи дека 80 отсто од акциите на банките се во странска сопственост. И имате барем три големи меѓународни банки како големи инвеститори тука во македонија. Тоа се француската Сосиете Женерал, австриската и грчката национална банка. Значи не е прашање на меѓународно присуство тука во Македонија. Тоа значително се зголемува во изминативе неколку години. Но сметам дека она што е навистина важно, повторно навраќајки се кон светската финансиска криза, е фактот дека банкарскиот систем е стабилен. Проценките на ММФ и Светската банка покажуваат дека системот е солиден а истото го покажуваат и проценките кои на дневна база ги прави Народната банка.

Дали сте задоволни од резултатите на проектите што ги финансира Светската банка?

Краткиот одговор е да, но... да почнам со да. Целокупните перформанси на финансиските проекти на светската банка во Македонија се задоволителни и се подобруваат во изминативе две години. Клучен фактор за овој напредок е сериозната посветеност на владата за избегнување на потешкотиите кои се јавуваат при имплементацијата. со што на владините средби се оценува напредокот на проектите кои се финансирани од светската банка. Кога веќе говориме за напредокот, да ви дадам конкретен пример. Еден од проектите кои ги подржуваме се насочени кон охрабрување на реформите во катастарот. Во 2004 година само околу 40 отсто од земјата беше регистрирана во катастарот. Денеска се регистрирани повеќе од 80 отсто. Истовремено, бројот на трансакции се дуплираше во изминативе 2 години. Ова е еден многу конкретен пример од кој се гледа дека работите се придвижуваат, се придвижуваат брзо и во вистинската насока. Кога почнав да зборувам реков „да, но“ затоа што секако можеме да бидеме и подобри - како светска банка во соработка со владата и меѓународните партнери. Ние можеме да бидеме подобри во поглед на брзината и во поглед на обезбедување на најдобрата глобална подршка за Македонија. Во поглед на брзината, би сакале да бидеме што пофлексибилни за барањата на владата и да обезбедиме совети или финансирање по рекордни брзини. Значи станува збор за брзина и флексибилност. Втората област која сакаме да ја подобриме е да дадеме најдобро глобално знаење за одредено развојно прашање но да го „скроиме“ на потребите на Македонија. Ова е предизвик за нас како групација на Светската банка тука во македонија.

Една од вашите цели е борба против сиромаштијата. Реалната состојба во Македонија не е толку розова. Кога ќе видиме конкретни резултати на ова поле?

Стапката на сиромаштија во Македонија моментно се проценува на 20 отсто. Дозволете ми повторно да ја изнесам поентата за која дискутиравме претходно. Имено, предуслов за подобрување на животниот стандард е одржлив развој на подолг временски период. Ова е дефинитивно предуслов. Но има и друга страна, а тоа има врска со социјалната заштита. Да се осигура дека тие на кои им е потребна помош, ја добиваат помошта. Постојат начини за понатамошно подобрување на ефективноста и ефикасноста на социјалната помош во македонија. Ние работиме со Владата и на двете полиња. на тоа како да се обезбеди постојан раст и зголемена конкурентност, а од друга страна обезбедување на поголема ефикасност на социјалната помош, за да се осигура дека тие на кои им е потребна помошта, ја добиваат помошта.
Дали гледате ризик од девалвација на македонскиот денар ако почнеме да ги трошиме девизините резерви?

Три клучни забелешки. Прво, пактот со еврото и служеше на земјата многу добро. Второ, гледам силна посветеност од Владата и централната банка за одржување на овој пакт со еврото. И трето, ние од светската банка, заедно со другите партнери, сме овде да помогнеме, како што ќе има потреба за подршка на владините политики за тоа да остане така.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG