Достапни линкови

logo-print

Боливија: Моралес бара помош од Русија во борбата против производството на дрога


Претседателот на Боливија Ево Моралес ќе побара од Русија помош во борбата против продукцијата на дрога во неговата земја. Тој изјави дека Соединетите држави ја запреле поддршката на боливиските власти за уништување на илегалните полиња на кои се одгледува кокаин. Моралес прецизира дека за време на неговата утрешна посета на Москва ќе побара од Русија хеликоптери и авиони за уништување на производството на дрога. Боливија е трет најголем произведувач на кокаин во светот, по Колумбија и Перу.
XS
SM
MD
LG