Достапни линкови

Исламабад: Дваесетина милитанти убиени во американски воздушен напад


Пакистанските разузнавачки служби објавија дека во американски воздушен напад во близина на границата со Авганистан биле убиени дваесетина талибански милитанти. Во нападот во областа Вазиристан биле користени беспилотни авиони. Пакистан е клучен сојузник на Соединетите држави во борбата против тероризмот, но енерегично е против напади на негова територија на која, како што се верува, дејствуваат и се кријат талибанците и припадници на Ал Каида.
XS
SM
MD
LG