Достапни линкови

Рим: Состанок на Г–7 посветен на финансиската криза


Седумте водечки индустриски земји во светот ќе направат се што е во нивна моќ за да се справат со глобалната финансиска криза. Ова, како што наведуваат агенциите, е содржано во изјавата што денеска треба да биде издадена по состанокот на Групата Седум што се одржува во Рим. Во декларацијата се прецизира дека овие земји нема да креваат нови трговски бариери. Дел од членките се загрижени од можниот пораст на протекционизмот со посебен фокус врз клаузулата Купувајте американско, содржана во американскиот стимулативен пакет. До состанокот на Групата Седум доаѓа по вестите за влошување на рецесијата во најголемите европски економски сили Германија, Франција и Италија.
XS
SM
MD
LG