Достапни линкови

Суштински избори за Македонија за забрзување на патот кон евроатлантските структури, велат од ЕУ


Скојпе

Скојпе

Посматрачи од ОБСЕ, МОСТ, но и функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Дел од набљудувачите на ОДИХР, канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, пристигнува денес во Македонија. Прво ќе пристигнат 12 експерти набљудувачи, утре се очекува група од 22 долгорочни,a oстанатите 300 краткорочни набљудувачи ќе пристигнат неколку дена пред изборите. Свои монитори ќе имаат и невладината МОСТ, канцеларијата на ЕУ во Македонија, а свое присуство најавија и високи функционери од владеачката ВМРО. На парламентарните избори во 2008-та, ОДИХР испрати 270 наблудувачи. Сегашниот број зголемен за 50 се должи на тоа што во еден ден се и локалните и претседателските избори, вели портпаролот на ОДИХР, Јенс Хаген Ешенбахер.

„Ова се прва група на експерти набљудувачи кои ќе бидат сместени во Скопје и ќе ги набљудуваат важните аспекти на целиот изборен процес. Долгорочните експерти кои ќе пристигнат ќе бидат распоредени низ целата земја. Непосредно пред изборите ќе пристигне и голема група на краткоророчни набљудувачи кои ќе го наблудуваат денот на изборите и тие ќе бидат распоредени низ целата земја.“

Невладината МОСТ досега набљудувала шест изборни процеси. Бројот на набљудувачи варира од 3200 до 3600, вели програмскиот директор на МОСТ, Дарко Алексов.

,,И за овие избори МОСТ ќе регрутира и ќе обучи најмалку 3500 волонтери, набљудувачи на изборниот процес. Но истите ќе бидат распоредни на повеќе од 60% од вкупниот број на избирачки места, на ниво на цела држава. МОСТ нема да обрнува посебно внимание на одредени избирачки места, имено при оценката за квалитетот на изборниот процес, МОСТ се раководи од проценката на истиот на сите изборни места во Македонија.“

Свои набљудувачи ќе имаат и од мисијата на Европската унија. Тие изборите ќе ги следат со тим од 25 луѓе на чело со евроамбасадорот Ерван Фуере. Од делагацијата на Европската унија очекуваат следните избори да поминат во најдобар ред.

„Претстојните избори се од суштинско значење на земјата за да го демонстрира севкупниот демократските капацитет, а со тоа да го забрза својот напредок кон евроатлантските структури.“

За помирни избори, владеачката партија најави дека ќе испрати високи владини функционери да ги набљудуваат изборите во критичните региони. Од опозицијата ваквиот чекор го оценија како притисок врз гласачите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG