Достапни линкови

logo-print

Економски раст во Македонија во 2009-та


World Bank president Robert Zoellick

World Bank president Robert Zoellick

Според проекциите на Светска Банка економскиот раст во Македонија ќе биде околу 3 насто. Министерството за Финансии останува на проекцијата од 5,5 насто

Економскиот раст во земјава годинава ќе изнесува околу три проценти. Ова го покажуваат најновите проценки на Светската банка. Постојаниот претставник на оваа институција во Македонија, Маркус Репник предупредува дека поради светската економска криза и нејзиното влијание, Македонија ќе ги почувствува последиците во однос на извозот, намалениот прилив на странски пари во земјава и учеството на директни странски инвестиции.

„Во 2007 и 2008 во Македонија економскиот раст изнесуваше 5, 6 насто. Нашите проценки покажуваат дека годинава тој ќе биде значително понизок и ќе изнесува околу 3 проценти. Ако ги погледнеме трите клучни елементи на македонската економијата, проекциите и прогнозите не ни одат во прилог.. Тоа се извозот, приливот на странски пари во земјава и странски директни инвестиции. 60 проценти од македонскиот извозен пазар е во Европа, таа е во рецесија, и според првите ефекти видовте дека извозот претрпе последици.“

изјави Репник во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Од министерството за финансии не сакаат да ги коментираат проекциите на Светската банка. Велат дека последните официјални податоци се оние од минатата година според кои се предвидува економски раст од 5, 5 проценти. Од министерството додаваат дека треба да се почека да поминат првите три месеци од оваа година, пред да може да се дадат нови прогнози за стапката на економски раст. За економските експерти разбирливи се разликите во проекциите на двете страни. Универзитетскиот професор Ванчо Узунов вели дека разликите се должат на начинот на гледање на работите на оној што го зборува тоа.

„Владата е политички избрана влада, и таа има свои амбиции, несака да ги разочара своите
„Владата е политички избрана влада, и таа има свои амбиции, несака да ги разочара своите гласачи особено пред избори, додека Светската банка не зависи од вољата на нашите гласачи.“
гласачи особено пред избори, додека Светската банка не зависи од вољата на нашите гласачи.“


Сепак Узунов вели дека планираниот раст од 3 насто во време на економска криза е тешко остварлив, а доколку сепак тоа се случи треба да бидеме задоволни.

„Три посто неверувам, но до 2,5% веројатно би било остварливо за Македонија. 3 отсто за Македонија оваа година значат ,,полна капа,,.

Според најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд, оваа година ќе биде година со најниска стапка на раст во цела Европа. Предвидувањата се дека тој ќе се движи во интервал од -0,2 проценти до 2 проценти во земјите од Европската Унија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG