Достапни линкови

Глобалната економска криза влијае на солидарноста во ЕУ


Глобалната економска криза почна да ја поткопува солидарноста во Европската унија. Мразот го скрши Франција која отворено почна да флертува со протекционизам кога претседателот Никола Саркози сугерираше автомобилскиот гигант Рено да го повлече производството од Чешка. Тоа ја поттикна официјална Прага да побара итен самит на Унијата за први март во Брисел.

Гафот на Никола Саркози, ако воопшто станува збор за тоа, ги потресе основите врз кои е поставена Европската унија. Францускиот претседател беше првиот лидер на една земја на Европската унија кој излезот од економската криза дома го гледа во друга членка на Унијата. Саркози ја идентификува Чешка како една од земјите во која неоправдано има економска активност што треба да биде во Франција.

Ако Рено гради фабрика во Индија за да продава автомобили во Индија, тогаш тоа е оправдано. Но, неоправдано е ако таква фабрика гради во Чешка, а автомобилите се за пазарот во Франција.

Претходно, Саркози објави пакет мерки од шест ипол милијарди долари како помош за домашните автомобилски компании. Тој чекор веднаш беше критикуван во Брисел за кршење на правилата на конкуренција. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо смета дека Унијата не смее да дозволи никаков протекционизам.

Во ова време на криза, некои мислат дека единствен вистински одговор е затворање во сопствениот регион, во сопствената држава. Но, тоа носи ризик од еднострана реакција. Минавме низ такви несреќни искуства во минатото и тоа не треба да ни се повтори.
Belgium -- EU Commission President Jose Manuel Barroso


оцени Барозо по средбата со чешкиот премиер Мирек Тополанек на која е договорен итен самит на Унијата, посветен на економската криза. Навистина, изјавата на Саркози не можеше да дојде во полошо време. Владите на земјите во Унијата се во постојан притисок да си ги заштитат своите пазари од странската конкуренција. Саркозиевата изјава ги доведува во опасност и шансите да се најде излез од петгодишната уставна криза во Унијата. Чешка, заедно со Ирска и Полска, се уште го нема ратификувано Лисабонскиот договор за поцврсто европско поврзување што, пак од друга страна е долгорочен приоритет на Франција. Затоа не без тежеина е ироничната оценка на премиерот Тополнек:,,Ако некој сакаше сериозно да го доведе под прашалник Лисабонскиот договор, не можеше да избере подобар начин и подобро време.,, Што е уште полошо забелешките на Саркози ги отвори и старите политички разлики во самата Унија. Чешка е првата од таканаречените нови членки кои претседаваат со Европската унија. Официјален Париз постојано ја става под сомневање способноста на Прага да раководи со Европа во време на светска криза, посебно, ако се има предвид фактот дека Чешка не е дел од заедничката европска валута. Од дипломатски извори во Брисел се дознава дека француската влада се обидела да свика посебен самит на кој би учествувале само земјите од еврозоната, но оти тоа било отфрлено од Европската комисија.
XS
SM
MD
LG