Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Конгресот постигна договор за пакетот мерки за заздравување на американската економија


Американскиот Конгрес успеа да постигне компромисен договор за пакетот од околу седумстотини и деведесет милијарди долари наменет за заздравување на економијата. Демократот Хери Рид, лидер на мнозинството во Сенатот изјави дека пакетот ќе доведе до отворање на над три милиони работни места. Тој не соопшти детали од постигнатиот компромис меѓу двата посебни закона што беа одобрени во Сенатот и во Претставничкиот дом.
XS
SM
MD
LG