Достапни линкови

Прага: Македонија не ги исполни условите на ЕУ за датум за преговори, изјави Тополанек


Македонија не ги исполни условите на Европската унија за да добие датум за преговори, а еден од нив е и спорот со името. Ова го изјави претседавачот со Европската унија чешкиот премиер Мирек Тополанек, за Утрински весник. „Европската комисија и даде на Македонија осум услови, но некои од нив се уште не се остварени“, рече Тополанек, додавајќи дека клучни ќе бидат изборите во март и дијалогот со опозицијата. Тој дел од резервираноста ја лоцира и во состојбите во самата унија, каде што, според неговата оценка, одамна исчезнала возбудата околу проширувањето.
XS
SM
MD
LG