Достапни линкови

Продолжува политиката наменета за внатрешна употреба, велат експертите


Наредните месеци нема суштински прогрес во преговорите за името. Изборите во земјава но и во Грција, како што изјави по вчерашната средба медијаторот Метју Нимиц со македонскиот и грчкиот преговарач Јолевски и Василакис, се објективна пречка за прогрес во преговорите. Секаков предлог во овој период станува беспредметен, и наредната средба како што рече Нимиц, ќе се одржи за неколку месеци. И додека преговорите за извесен период влегуваат во корсокак, во Брисел македонските министри за одбрана и надворешни работи Коњановски и Милошоски, пред амбасадорите на НАТО ја образложуваа оправданоста од потезите на владата во водењето на кампања со антички елементи. Имено преку елаборирање на историската традиција, односно преку примерот со античкиот град Хераклеа кој што постои на макеоднска територија, офрормен од Филип Втори, Министерот Коњановски како што изјави ги убедувал НАТО амбасадорите во оправданоста на античката кампања. Ниту сме ги убедиле, ниту ќе успееме во тоа доколку продолжуваме со ваквата политика, која само по длабоко им наштетува на нашите и онака нарушени меѓународни позиции, смета професорот Денко Малески, кој посочува дека очигледно станува збор за изјави наменети пред се за внатрешна употреба:

„Според тоа учтивоста на амбасадорите не треба да се ,,брка“ со она што е државен интерес на земјите кои што тие ги претставуаат, а тоа е да се најде еден излез од оваа ситуација за да можат да ни ги отворат вратите на НАТО, а тоа значи воздржување од провоцирање на соседот.“

И аналитичарот Мерсел Биљали укажува дека преку историски пристап неможе да очекуваме решавање напроблемите, што е лекција која досега требаше да ја апсолвираме според укажувањата на мегународната заедница:

„Затоа што преку историски пристап неможете да ги решавите политичките прашања.“

Смета Биљали. Ескпертите повторуваат и дека Грција е земјата која што располага со механизмите на заштита како членка на НАТО, па оттаму за нив се залудни обидите кои се најавуваат, дека македонските министри на денешната средба со генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер, ќе се обидат да му укажат да изврши притисок врз Грција да ги смени своите тврди позиции:

„Ако ние и натаму продолжиме да зборуваме она што веќе ни е кажано, станува јасно дека или не ја разбираме лекцијата на меѓународната политика или пак, едноставно веќе тој проблем не ни е толку важен надвор, колку што ни е важно дома да покажеме активност.“

Изјавува професор Малески.
XS
SM
MD
LG