Достапни линкови

Брисел: Денеска ќе бидат објавени мониторинг извештаите за Бугарија и Романија


Мониторинг извештаите на Европската комисија за Бугарија и Романија ќе бидат објавени денеска во Брисел. Можно е да бидат извршени последни промени до нивното објавување, но сепак очекувам тоа да се случи денеска, изјави портпаролот на ЕК, Марк Греј. Европската комисија претходно упати остри критики до Бугарија и Романија за недоволната борба против корупцијата, особено во делот на високо профилните случаи како и за недостиг од ефикасност во судските реформи.
XS
SM
MD
LG