Достапни линкови

Берзите во Њујорк го доживеаа најголемиот пад во изминативе три месеци


Wall Street
Wall Street

Напорен ден, но без очекуваните резултати. Така би можело да се оцени вчерашниот ден за американската економија. Во Сенатот конечно мина пакетот што треба да помогне за излез од рецесијата, а министерот за финасии Тимоти Гејтнер го претстави новиот нацрт план за спасување на американските банки. И покрај тоа берзите во Њујорк го доживеаа најголемиот пад за еден ден во изминативе три месеци.

Падот на индексот на американските берзи, според економистите, всушност ја покажува загриженоста на инвеститорите дека плановите на американската влада за спасување на финасискиот сектор нема да бидат доволни. До падот дојде откако министерот за финасии Тимоти Гејтнер објави дека владата планира да потроши дополнителни две билијарди долари како помош на банките да почнат повторно да даваат кредити. Новиот план и оној стимулативниот од осумстотини милијарди долари што веднаш потоа беше одобрен во Сенатот, според Гејтнер, ќе придонесат за обнова на довербата во економијата што е најважно за излез од кризата.

„Постои поголем ризик и повеќе ќе не чини доколку тоа го правиме постпено, односно ако не преземе поагресивна акција. Веруваме дека таквата акција ќе биде одржлива се додека не постигнеме сигурно заздравување на економијата.“

Изјави Гејтнер, наведувајќи дека клучен дел од новиот план е воспоставување приватно јавни инвестициони фондови што преку финансиски инциативи ќе треба да ги убедат приватните инвститори да земаат кредити. Втор битен елемент е проширување на програмата на Федералните резерви за давање заеми кредити за малите бизниси, програма која беше воведена од поранешниот претседател Џорџ Буш, но се уште не е активирана. Гејтнер оцени дека ќе биде тешко да се спроведе планот за спасување на економијата доколку не се надмине недовребата кај граѓаните да земаат заеми, а со тоа и да почнат повторно да купуваат и инвестираат. Во спротивно, како што додаде, би дошло до натамошно поткопување на економијата и слабеење на банките, односно до поголема рецесија.

„Сакам да бидат искрен. Оваа стратегија ќе чини пари. Ќе има ризици и за неа ќе треба време. Тоа сепак е неспоредливо со она што ќе го претрпат семејстватам бизнисот и земјата доколку дојде до целосно распаѓање на нашиот финансиски систем.“


Изјави Гејтнер во Вашингтон, каде што еден час потоа Сенатот го одобри планот за стимулирање на економијата што треба да придонесе за зачувување, но и за отварање нови работни места. Целта на и овој закон е да се убедат американците на трошење. Во обид да го промовира овој план претседателот Барак Обама престојуваше во неколку американски држави каде што беше топло пречекуван од тамошните граѓани. Всушност, според аналитичарите, токму од успехот на економијата ќе зависи и натамошната политичка иднина на Обама. Но, за разлика од граѓаните, финансиските пазари не се охрабрени од неговите екномски чекори. Доу Џонс, берзата врз која е фокусирано најголемото американско внимание вчера падна за двесте и пеесет поени и тоа само заеден час по прес конференцијата на министерот Тимоти Гејтнер.
XS
SM
MD
LG