Достапни линкови

Тел Авив: Партијата Кадима на Ципи Ливни освоила место повеќе пред Ликуд на Нетанјаху


Според последните податоци од вчерашните парламентарни избори во Израел, партијата Кадима на шефицата на дипломатијата Ципи Ливни освоила едно место повеќе од десничарскиот Ликуд на Бенјамин Нетанјаху. Инаку, и двете партии прогласија победа на изборите и останува нејасно која од нив ќе формира влада. Според аналитичарите, клучна улога во формирањето на новата израелска влада ќе има ултра-националистичката партија, предводена од Авигдор Либерман, која е трета според освените мандати.
XS
SM
MD
LG