Достапни линкови

Економската криза во САД - катастрофална?


Економската криза со сета сила ја погоди Америка и доколку Конгресот итно не го донесе стимулативниот пакет ситуацијата ке биде катастрофална. Ова го изјави американскиот Претседател Барак Обама по посетата на град во Индијана кој претрпе огромна загуба на работни места.

Никаде во Америка економската криза не го зеде данокот како во Елкхарт – Индијана град со 53 илјади жители во кој невработеноста се зголеми за три пати и достигна над 15 насто. Токму оваа статистика беше повод за посетата на ова место на американскиот претседател Барак Обама и прес конференцијата во Белата Куќа на која Обама како што јавува Хитер Махер, и даде хумано лице и која пред се беше наменета за републиканците кои во Конгресот не го подржаа неговиот стимулативен пакет од 800 милиојарди долари. Пакетот сепак мина во Конгресот, а една верзија е денеска на гласање во Сенатот. Според Обама планот можеби не е перфектен но е сепак план, кој ако не се примени економската ситуација уште повеќе ке се влоши.

„Мојата администрација наследи дефицит од 1 трилион, како и најголема економска криза од времето на Големата депресија. Ако не направиме ништо ке имаме уште поголем дефицит, уште поголема загуба на работнио места, пониски плати, помала доверба. Јас не сакам тоа да се случи и ќе направам се економијата да се врати на вистинската патека.“


Во врска со надворешната политика на прес конференцијата доминираа прашања за новата американска стратегија кон Иран и Авганистан. Според Обама, администрацијата веке се ангажира на тие фронтови.

„Мојот национален безбедносен тим моментално ја разгледува постојната политика барајки подрачја за конструктивен дијалог со Иран. Јас очекувам во следните месеци да видиме кога ке можеме да почнеме да се движиме во нова насока.“

Обама им одаде почести на иранците, на нивната историја, но нагласи дека подршката на Хезболах и Хамас и агресивниот став кон Израел се противни на интересите на Соединетите Држави и меѓународната заедница и закана за стабилизација на Блискиот исток. Големи предизвици стојат пред Авганистан, рече Обама, спомнувајки го и Пакистан и пограничните места како безбедносен рај за талибанците и Ал Каеда. Обама зборуваше и за Ирак. Тој одговарајки на новинарско прашање дали земјите на Блискиот исток имаат нуклеарнио оружје рече дака разговарал со рускиот претседател Дмитриј Медведев за потребата заедно да работат врз редукција врз ширењето на оружјето за масовно уништување. Во американската историја ова беше една од најраните претседателски прес конференции по стапувањето на должноста. Претходникот на Барак Обама, Џорџ Буш на пример првата прес конференција во Белата Куќа ја одржа по 9 месеци од стапувањето на должноста.
XS
SM
MD
LG