Достапни линкови

logo-print

Брисел: Саркози, Меркел и Баросо со писма до Чешкa предлагаат самит за економската криза


Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози, како и шефот на Европске Комисија
Жозе Мануел Барозо во одвоени писма до чешкото преседателство со Европската Унија повикаа на решавање на глобалната економска криза, на обнова на довербата и достапноста на кредитите. Меркел и Саркози наведоа дека во поедини земји решенијата може да се разликуваат, но дека целите и принципите како што беше договорено во Октомври, мора заеднички да се усвојуваат за да се обезбеди функционирање на заедничкиот пазар. Предложено е до крајот на месецов да се одржи вонреден самит на Унијата. Чешкиот премиер Мирек Тополанек во среда ке се состане со Шефот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо за да бидат прецизирани мерките за решавање на кризата и одржувањето на неформалниот кризен самит на Унијата.
XS
SM
MD
LG