Достапни линкови

Тел Авив: Воздушни напади на израелските сили врз позиции на Хамас


Израелските власти соопштија дека извеле воздушни напади врз две позиции на палестинското радикално движење Хамас како одговор на нивните ракетни напади во текот на викендот на југот на Израел. Палестински функционери наведоа дека една израелска ракета ја погодила зградата на полицијата на Хамас. Не се прецизира дали во овој напад имало жртви.
XS
SM
MD
LG