Достапни линкови

Шри Ланка: Најмалку 18 војници загинале во самоубиствен напад


Најмалку осумнаесет војници загинале во денешниот самоубиствен напад во Шри Ланка, јавуваат агенциите, прецизирајќи дека станува збор за жена самоубиец. Во нападот имало и шеесетина ранети. На северот на Шри Ланка веќе четири децении траат борбите меѓу владините сили и герилците на сепаратистичките Тамилски тигри.
XS
SM
MD
LG