Достапни линкови

logo-print

„Под лупа“ трошењето пари од буџетот пред изборите


Macedonia - Mirjana Dimovska, President of the State Anti Corruption Comission, Skopje, 1Feb2009

Macedonia - Mirjana Dimovska, President of the State Anti Corruption Comission, Skopje, 1Feb2009

Интервју со Мирјана Димовска, претседател на државната комисија за спречување на корупцијата

Со оглед на измените во изборниот законик, кои меѓу другото имаа и таква цел, очекувате ли поголем увид во изворите на финансирање на кампањата, како и на финансиерите на политичките партии?

Законот за спречување на корупцијата, по кој основ постапува државата комисија за спречување на корупцијата, во делот корупција во политиката го регулира и режимот на финансирањето воопшто и на политичките партии, вклучително и на делот на кампања и се штити и целиот изборен процес којшто е деликатен од аспект на можна злоупотреба на јавните фондови, буџетски и секакви други јавни средства и за можноста од користење во изборите од неидентификувани, анонимни, противправни извори. Тоа е забрането и главниот режим, во поглед на парите во изборите се гради со забрани да не можат баш такви извори да се користат во кампањата. Законот во делот на парите внесува чисти и јасни забрани, меѓутоа има еден член 12 кој на државната комисија и дава можност, освен тоа што е назначено во законот, што е забрането, стриктно, како располагање со буџетски и јавни фондовски средства, државната комисија во секоја ситуација кога ќе оцени дека има основа за сомневање, дека се злоупотребени или се употребуваат овие извори, дури и јавни позиции и овластувања. Законот и на друг начин фрла сомнеж, дека со таквото располагање се работи на тоа да се пушти порака до избирачот, државната комисија може да постапува. Има исчекор во подобрување на регулативата што се однесува до финансирањето. И таму неидентификуваните извори се санкционираат значи употреба на валкани пари во изборите и непознати. И таму се зголеми цензусот за легално потрошени пари во изборите, бидејќи беше основно согледување дека во изборите 2006 – 2008, по увидот во документите што ги даваат организаторите на изборната кампања, споредби со документите дадени од медиумите како медиумско потрошено време, и институциите што го покриваме однесувањето на политичките субјекти во изборниот процес, дојдовме до сознание дека се трошат неколкукратно повеќе пари од тоа што законот ги дозволуваше. Мотивацијата да не се прикажат парите така како што треба со самата норма се симнува, а се разбира и се контролира тој износ, колкав ќе биде и како, над три кратниот доколку би бил.

Ќе се сведеме ли повторно на мотивите на партиите да ги пријават потрошените средства. Постојат ли законски механизми да се стекне увид и санкционира прекршувањето на законите во овој дел?

Сите организатори се должни да отворат наменска сметка, така стои во законот. Таа наменска сметка овозможува да се врши увид во средствата што ќе се користат во изборите, бидејќи секоја трансакција, секое трошење, употреба на пари за изборите мора да оди преку таа сметка. Тоа јас нема да коментирам што ќе значи, бидејќи тоа апсолутно е погодност да се види. Се што ќе биде плаќање и употреба со назнака за кампања, ако не мине низ таа сметка апсолутно подлежи на контрола и постапување на државната комисија. Можноста државната комисија во секој момент да има увид во таа сметка и таму не важи банкарската тајна, овозможува за секое какво и да е сознание да може државната комисија да го проблематизира и да добие иформации. Вториот значаен момент е изборниот законик предвиде, извештаите треба да ги направат партиите по завршувањето на кампањата во рок од 15 дена. Минатите избори не ги доставуваа до нашата комисија, до ДИК и до ревизија ги даваа, сега според законот ги доставуваат и до нас, што овозможува побрзо постапување во делот на приказ на средствата од страна на партиите. Тоа е подобар режим од претходните циклуси што овозможува основно постапување. Ние сме подготвени да постапиме. Имаше специфика во 2008 на изборите и таа специфика продолжува и сега. Ние излеговме дефинитивно од фазата во изборите кога главното располагање на она што со законот е забрането се изразуваше преку изградба на инфраструктурни објекти и тој вид располагање со државните средства и фондови. Тој вид порака до избирачите, колку се грижат за локалниот живот, па нели патишта, водоводи итн.

Колку такви случаи успеавте да спречите овој пат?

Ние имаме од 150 предмети, 85 укажувања, до сега сме изрекле, од кои 85 се општи укажувања од овој вид. Разни располагања. 82 предмета имаме за вработување. Во игра се околу 550 лица. Повлечени се 22 постапки по огласи и укажувањањта на државната комисија се испочитувани, до моментов. Сакав да потентирам за спецификата. Излеговме од фазата кога се правеа патчиња и за тие патчиња десет дена пред изборите се сечеа црвени ленти, па ќе се испосликаа на телевизија, потоа изборите ќе завршат, нема ниту пат, не се знае ни парите каде се. Спецификата 2008, а очигледно и овој пат е на планот на вработување. Партиите тргнуваат од тоа дека тоа е најлесно остварливо влијание. Да се потенцира е битно спецификата за вработувањата. Едната линија е преку агенцијата за државни службеници, таму имавме минатите избори одлична соработка со агенцијата и се затвори вентилот. Сите огласи што се од 10 јануари наваму, нема постапување по нив. Другиот дел којшто ни бара секојдневно дежурање се однесува на вработувањата чијашто постапка не оди преку агенцијата за државни службеници, туку оди со слободни огласи. И тука имавме и имаме доста работа. Истиот режим важи и таму и тој е јасен. Доколку се работи за редовно планирани, во годишните програми за вработување, доколку се обезбедени средства, доколку постапката е почната пред 10 јануари, таа постапка, изборот е направен претходно, значи не е во сензибилизираниот период, може да заврши. После тоа, сугерираме запирање на постапката, дури ги разгледуваме и специфичните случаи, не сакајќи да се закочи нечија работа. Но, интересно е што имате вработувања во Македонски шуми, коишто само со неколку огласи тој продолжува и понатаму од повеќе стотини. Да не набројувам и други институции. Тука немаме никаква дилема, како ќе постапиме ако навистина не застане, и тука сме фокусирани, затоа што е повеќе од индикативно дека овој институт се злоупотребува.

Каква е соработката со останатите органи за сите овие постапки да добијат конечен исход судски епилог?

Соработката со ДИК, Советот за радиодифузуја, обвинителството, посебно е важно. Затоа што во нашите надлежности, сиот овој процес што треба да протече и тече секој е фокусиран врз одреден сегмент. Допирните моменти меѓу надлежностите, ДИК, нашата, Совет за радиодифузија, како би можеле да го затвориме кругот на постапување. До максимум ќе го користиме орудијата што ни стојат на располагање во законите. Тоа го кажаа и другите институции и Советот за радиодифузија, веќе покренале прекршочни, ДИК е потесно надлежна за делот кампања, за делот пари ние. Но, соработаката е неопходна, важна и морам да кажам уште еднаш дека е воспоставена на многу високо, коректно, професионално непосредно ниво.

Тоа значи дека вие сте задоволна од завршеноста на голем дел од постапките по кои вие сте укажувале?

Знаете, ако имаме 22 до сега во поглед на вработувањата се запрени, тоа зборува за далеку повисок степен на почитување на укажувањата на комисијата. Овој пат, ќе направиме и чекор плус. Ќе го анимираме и казнениот дел, знаете, пред суд треба да се води сметка. Судот бара чиста норма на која се повикувате ако сакате да донесе соодветна одлука. Ние настојуваме нашите аргументи да ги извлечеме што поуспешно, а кои можеби не се со збор баш така стриктно изразени во законот, но кој по сите стручни проценки, држат и можат да бидат во полза на поведување постапка, ќе ги користиме за да ги анимираме казнените одредби од законот.

Како ќе се оттргнете од имиџот на партизирана институција, или институција која постапува селективно како што тврди опозицијата?

Не би рекла дека тоа обвинување може да биде прифатено. Знаете што, обвинувањата може да бидат секакви, и секој може да каже што сака, секогаш сме подготвени да слушнеме аргументи, до сега нив не сме ги чуле. Ако сакаме да правиме атмосфера без многу одговорност што кажуваме и зборуваме, тогаш ќе добиеме погрешни впечатоци, апсолутно не држи, не ди тој впечаток. Нашето работење со аргументи што може да се покаже, напротив, не би рекла дека државната комисија за спречување на корупција не ужива доверба и во опозицијата, бидете уверени дека ужива доверба. А, тоа што од одредени пропагандни цели се кажува, тоа е слобода за изразување, не можеме да ја спречиме, такво ни е општеството, нас тоа не не тревожи, затоа што аргументи за тоа нема.
XS
SM
MD
LG