Достапни линкови

Минхен: Продолжува межународната конференција за безбедноста во светот


Во германскиот град Минхен продолжува меѓународната конференција, посветена на безбедноста во светот. Германскиот министер за надворешни работи, на отворањето изјави дека има можности за постигнување договор за разоружување и за други безбедносни прашања. Рускиот заменик премиер Сергеј Иванов се согласи дека постои историска можност и ја повика новата американска администрација да помогне во обновувањето на договорот за нуклеарно разоружување. Денеска се очекува обраќање на американскиот потпретседател Џо Бајден. На конференцијата во Минхен учествуваат и македонскиот премиер Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG