Достапни линкови

logo-print

Републиканците и демократите постигнаа компромис околу стимулативниот пакет за економијата


Републиканците и демократите во американскиот Сенат постигнаа компромис околу стимулативниот пакет за економијата, вреден 780 милијарди долари. Се очекува пакетот да биде изгласан вечер или најдоцна утре. До компромисот дојде откако американскиот претседател Барак Обама го повика Сенатот да дејствува веднаш бидејки, според најновите податоци, во јануари биле укинати околу 600 илјади работни места, а стапката на невработеност достигната 7,6 насто.

,,Ситуацијата не може да биде посериозна. Овие бројки бараат акција и неодговорно кој било од нас да прави опструкции или одлагања додека милиони американци остануваат без работа."

изјави Обама.
XS
SM
MD
LG