Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Во Кина прогласена вонредна состојба поради сушата


Кина прогласи вонредна состојба поради сушата што го загрозува снабдувањето со вода на милиони жители, јавуваат денеска кинеските медиуми. Вонредната состојба, која до сега беше од втор степен, подигната е на прва категорија на вчерашниот состанок на Националниот центар за борба против сушата и надзор на поплавите. Најзагрозени се покраините на северот и истокот на земјата, како и главниот град Пекинг.
XS
SM
MD
LG