Достапни линкови

logo-print

Москва: Русија ќе дозволи транспорт за снабдување на американските војници во Авганистан


Русија ќе дозволи транспорт преку нејзина територија за снабдување на американските војници во Авганистан, јавуваат агенциите од Москва. Тие ја цитираат изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров дека американската администрација пред неколку дена побарала од Кремљ дозвола за таквиот транспорт. Според Лавров, сега Москва ги чека деталите за она што ќе се превезува преку руска територија.
XS
SM
MD
LG