Достапни линкови

Вашингтон: Хилари Клинтон на турнеја низ Азија на крајот од февруари


Финансиската криза, безбедноста, климатските промени и хуманитарните прашања ќе бидат темите за кои на претстојната турнеја во Кина,Јапонија, Индонезија и Јужна Кореја ќе разговара американската државна секретарка Хилари Клинтон. Како што соопштуваат од нејзиниот кабинет во сите главни градови кои Клинтон ќе ги посети од 15 до 22 февруари таа ќе дискутира за заедничките постапки во предизвиците со кои се соочува меѓународната заедница. Во меѓувреме Клинтон изјави дека се надева оти Соединетите Држави ќе имаат поконструктивни односи со Русија, особено околу прашањето за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG