Достапни линкови

Белград: Резолуцијата на косовскиот парламент неприфатлива за Србија


Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјави дека Резолуцијата за Косово, која вчера ја прифати Европскиот парламент и ги повикува сите членки на ЕУ, кои уште не ја признале независноста на Косово тоа да го направат, е неприфатлива за Србија. Според него таа е спротивна на Уставот и на меѓународното право. Јеремиќ повтори дека членството на Србија во Унијата останува главен стратешки приоритет на српската Влада, притоа нагласувајќи дека Србија нема да се откаже од борбата за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет.
XS
SM
MD
LG