Достапни линкови

logo-print

Киев: Сомалијските пирати го ослободиле украинскиот брод


Канцеларијата на украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска потврди дека сомалијските пирати го ослободиле украинскиот брод, кој беше киднапиран во септември, минатата година. Не е наведено дали е платен откуп, иако претставник на сопственикот на бродот изјави дека на киднаперите им биле дадени околу 3 милиони долари. Бродот превезуваше тенкови и друго оружје, а киднаперите првично бараа 20 милиони долари.
XS
SM
MD
LG