Достапни линкови

logo-print

Франкфурт: Денеска средба на САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија за Иран


Денеска во Франкфурт ќе биде одржана средба на претставници на САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, во врска со нуклеарната програма на Иран. Синоќа Белата Куќа изрази сериозна загриженост поради објавата на Техеран дека лансирал сателит во орбитата, како и поради продолжувањето на работите врз забранетата нуклеарна програма, заканите на Иран спрема Израел и неговото спонзорирање на тероризмот. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изјави дека Вашингтон ќе ги користи сите елементи на националната моќ за да се спротивстави на воените предизвици што ги поставува Иран.
XS
SM
MD
LG