Достапни линкови

Стразбур: Тополанек и Баросо ќе ги изнесат ставовите на ЕУ за развојот на Косово


На денешното заседание на Европскиот парламент во Стразбур, чешкиот премиер Мирек Тополанек, чија земја е претседавач на ЕУ, и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо ќе ги изнесат ставовите на Брисел за развојот на Косово по повод годишнината од прогласувањето на независноста. Парламентарците ќе ја разгледаат и резолуцијата што ја предложи известувачот на Европскиот парламент за Косово.
XS
SM
MD
LG