Достапни линкови

Вашингтон: Кристофер Хил можен нов американски амбасадор во Ирак?


Главниот американски преговорач со Северна Кореа Кристофер Хил се очекува да биде наименуван за американски амбасадор во Ирак, јавуваат агенциите, повикувајќи се анонимни извори во Стејт департментот. Хил во последните четири години беше помошник државен секретар за Источна Азија. Порано тој беше американски амбасадор во Јужна Кореа, Полска и Македонија, а беше и специјален пратеник за Косово.
XS
SM
MD
LG