Достапни линкови

logo-print

Притисоците на кои укажаа некои кандидати, покажаа една недемократска атмосфера, велат експертите


По 15 дена, денеска на полноќ истекува рокот до кој сите претенденти кои ќе учестуваат во трката за претседател на државата треба да ги соберат потребните 10.000 потписи од граѓаните. По ова започнува да тече рокот за поднесување на кандидатурите, информира Зоран Таневски портпарол на ДИК:

„Откако завршува овој рок за собирање потписи, крајниот рок за поднесување на кандидати завршува на 15-ти февруари на полноќ.“

Досега поддршка од десет илјади граѓани потребни за кандидатура за претседателските избори обезбедија Кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчковски, Љубе Бошковски, а тоа му успеа и на кандидатот на ЛДП Нано Ружин. Оваа постапка успешно ја завршија и кандиатите од албанските партии. Но, процесот на собирање потписи за некои претседателските кандидатури измина со бројни проблеми. На притисоци иако ги собраа потребните потписи, посочуваа од штабот на Бошковски, на слични проблеми се жалат и во партијата ПОДЕМ која застана зад кандидатруата на Благоја Марковски на кого како што ни изјавија му недостастуваат уште илјада потписи за учество во избората трка, а јавно за притисоците говори независниот кандидат Слагана Тасева, која поради ова се откажа од учество на изборите:

„Излегоа на виделина слабостите кои што постојат во системот, но излезе на виделина и една состојба на недостаток на демократија и присуство на страв помеѓу граѓаните.“

Вели Тасева. Државната изборна комисија е немоќна да реагира во случај на притисоци, оттаму велат дека ингеренциите се во Министерството за правда. Генерално мислењето и на стручната јавност е дека почетниот процес го засенува една недемократска атмосфера. Професорот Живко Андревски забележува:

„Факт е дека во Македонија откако постои овој тип на избор, посебно кога се собираат десет илјади потписи за поддршка на нечија кандидатура дека тоа многу поедноставно и побрзо го сработуваат луѓето кои што зад себе имаат некаков партиски систем. Тие што се кандидираат самостојно многу тешко тоа го остваруваат.“

А вкупната атмосфера околу изборите влијае и меѓу граѓаните, иако некои велат дека не се плашат да ја дадат својата поддршка за некој кандидат, додека други пак, сметаат дека има одредени притосици:

„Можеби има одредени луѓе вработени во институциите што се плашат.“

„Јас лично сум немала такво искуство.“

„Не ме чуди што Слаѓана Тасева се откажа од изборите, верувам дека имало притисоци.“


Изјавуваат граѓаните што ги анкетиравме.
XS
SM
MD
LG