Достапни линкови

Белград: Решение за името е можно, но Скопје да престане со провокациите, изјави Бакојани


Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани вчера околу спорот со иметото со Македонија изјави дека сите други решенија освен едно име за сите употреби се неприфатливи за Грција, која изградила силно национално единство по ова прашање. Бакојани се надева дека може да се дојде до решение за спорот за името, но само доколку државава престане со провокациите и го остави лошото балканско минато зад себе. ,,Од таа гледна точка, решение треба да посакуваат и властите во Скопје. Не може да се најде ниту еден човек во грчкиот Парламент кој ќе го измени својот став од оваа грчка национална политика“ изјави Бакојани во рамки на посетата на Белград каде беше во својство на претседавач со ОБСЕ. Таа денеска ќе ја посети и Приштина, при што ќе се сретне со косовските власти.
XS
SM
MD
LG