Достапни линкови

logo-print

Годинава Србија главен акцент ќе стави на евро интеграциите


Нема сомневање дека српската дипломатија во изминативе неколку години подмладена и подинамична. Само лани, шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ, како што самиот изјави, во авион минал над двесте и давесет денови. Според него, годинава главен акцент ќе ставел врз евроинтеграцијата на земјата. Но, дали офанзивата кон Европската унија е заснована врз реални проценки на перцепцијата на Србија во Брисел.

Српската дипломатија лани, без сомниние, доби некои тактички поени како мнозинството во Обединетите нации за да се добие мислење за легалноста на косовската независност. Но, минатата година може да се каже дека е изгубена година во врска со евроитнеграцијата на земјата. Србија беше првата земја во регионот на која Брисел и понуди таканаречна карта на патот за укинување на визите. И наместо да работи на домашна задача, политичарите велат дека е виновна Унијата, вели Јелко Кацин известувачот за Србија во Европарламентот:

„И господинот министер во името на Србија ги обвинува институциите на Европската унија дека немаат разбирање за потребите на државјаните на Србија, што не е коректно и европски. Ако во Србија не постои политичка волја за тоа, тогаш во Унијата мораме да се запрашаме што и е важно на таа земја.“

Вели Кацин, кој во врска со најавениот амбициозен план на Белград за дипломатска офанзива што до средината на годинава ќе резултира со апликација за статус кандидат, а во идната година, за време на шпанското претседателство со Унијтата, и почеток на преговорите за членство во Унијата вели:

„Тоа е апсолутно нереално.“

Довербата на граѓаните на Србија кон Европската унија, според последните анкети, падна за шест проценти. Тие вината за доцнењето во евроагендата ја гледаат и кај Брисел, но и кај домашните политичари. Сепак, според Владимир Глигоров, аналитичар во Виенскиот иснтитут за компаративни економски студии, граѓаните релативно лесно ги прифажаат замаглените и малку реални проценки и прогнози на своите политичари.

„Во српската јавност ништо толку добро не се продава како невозможните цели, почнувајќи од Косово па натаму. Српската јавност е подготвена да верува дека сето тоа е изводливо само доколку тоа го сака и Европа. Тоа функционираше, барем досега, и не гледам зошто не би било така и натаму.“

Вели Глигоров кој во најавената офанзива на српската дипломатија насочена кон Брисел има за цел на домашната јавност да и се наметне идејата дека Унијата е таа која не е заинтересирана за кандидатурата на Србија која може да се изврши за една ноќ.

„Тоа е исто и со белиот шенген кој се најавува секои три месеци, а потоа испаѓа дека Европската унија има проблеми. Мислам дека тоа е основната идеја.“

Оценува Владимир Глигоров, аналитичар во Виенскиот иснтитут за компаративни економски студии.
XS
SM
MD
LG