Достапни линкови

logo-print

Потребно е продлабочување на односите, но не до степен на ,,некритично врзување“ сметаат аналитичари


Иако оценката е дека изминативе деценија и пол од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Русија тие се одвиваат на добро ниво, додавајќи го и фактот дека Русија е меѓу привите земји што го призна нашето уставно име, сепак според домашните аналитичари, се чини дека продолабочувањето на меѓусебните релации остануваат во сенка на македонската стратегија за стратешко партнерство со Соединетите Држави и Европската Унија. Во оваа насока аналитичарот Слободан Чашуле посочува:

„Во таква крајност немаше место за Русија која во меѓувреме продолжуваше да ја гради својата позиција до степенот до која е дојдена сега во светот и може да се каже благодарејќи на таквата нејзина проекција, светот веќе не е униполарен, туку веќе е бипопалеран, па и полиполарен.“

Оттаму според мислењето на Чашуле, тоа не значи дека македонската дипломатија не треба да продолжи со овие свои стратешки цели, но успехот на нашата дипломатија вели тој секако се оценува според умешнноста да се соработува со повеќе светски центри, а тука сигурно спаѓа и Москва:

„Ние сега не смееме повторно да отидеме повторно во друга крајност и да се врзуваме на еден некритичен начин со Русија. Ние треба да се вратиме кон идејата за активна проекција на македонските односи и според тоа многу вешто треба да се однесуваме во годините што настапуваат, и кон Обама и кон Медведев и кон ЕУ.“

Посочува Чашуле. И додека политичките односи меѓу двете земји сепак се оценуваат за релативно добри, и двете земји изминатите години посочуваат дека не се задоволни од економската соработка. Со ова се согласуваат и експертите. Македонија сметаат тие не ја искористува доволно руската економска експанзија во светот:

„Јас мислам дека и во сверата на енергетиката и воопшто во сверата на сообраќајот, коридорите итн. Македонија треба да води една мултиплицитна политика, значи треба да има повеќе правци, повеќе насоки, значи тоа е една стратегија која треба сериозно да се анализира.“

Изјавува аналитичарот Мерсел Биљали.
XS
SM
MD
LG