Достапни линкови

logo-print

Македонија успешно ги спроведува реформите иако остануваат уште некои обврски,велат од НАТО мисијата


Македонија останува посветена во процесот на интеграција за членството во НАТО без разлика на неуспешниот самит за нас во Букурешт, укажуваат од Министерството за одбрана. Оваа порака државното раководство имено ја пренесува и до командатот на здружената команда на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фицџералд кој е во дводневна посета на земјата. Поканата за неговата посета е од македонска страна, а како што се информира целта е задржување на добрите односи со нато партнерите. Иако е веќе јасно дека подготвеноста на нашата армија и реформите не се одлучувачки за нашиот прием во НАТО, туку станува збор за политичка одлука условена со изнаоѓање решение за спорот со името, од Министерството за одбрана информираат дека се продолжува со реформските процеси, кои пред се се однесуваат на постигнување на стандардите и оперативна способност на македонските војници за нивна целосна компатибилност во меѓународните мисии во кои учествуваат. Всушност учеството во меѓународните мисии активно продолжува и како што неодамна најави ресорниот министер Зоран Коњановски до 2014 –та година тоа партиципирање треба да достигне одредено ниво преку кое ќе се врши обуката во македонската армија. Евалуацијата на мисијата на НАТО во земјава покажува дека процесот и на оспособонување на нашата армија и на реформите се одвиваат успешно, иако преостануваат уште некои обврски за довршување:

„Нашите проценки се дека многу голем дел од реформите е завршен, иако останувуаат уште многу работи да се завршат, меѓутоа тоа е процес кој што трае и кој што не пречи за приклучување на земјата во Алијансата.Она што самитот во Букурешт го испрати како порака е дека НАТО е подготвен да ја прими Македонија, веднаш штом спорот со името со Грција биде решен.“

Изјавува Сашко Голов од НАТО мисијата во Скопје. НАТО партнерите постојано укажуваат на потребата од зголемување на бројот на војниците во меѓународните мисии, односно во Авганистан. Иако ќе биде со задоволство прифатена од Алијансата, сепак тоа е внатрешна одлука која треба да ја донесе самата земја, потенцира Голов кој додава:

„Колку што јас знам дека нашата земја има решено веќе следната година да создаде еден поголем контингент кој што ќе биде способен да биде упатуван во мисии надвор од земјата, иако сепак тоа е внатрешна македонска одлука.“

изјавува Голов. Инаку адмиралот Фицџералд по денешните посети со македонскиот државен врв, утре ќе ја посети единицата за специјални намени на македонската армија.
XS
SM
MD
LG