Достапни линкови

logo-print

Скопје: ДИК ќе утврдува одговорност и кај партиите и медиумите за предвремена изборна кампања


Од Државната изборна комисија најавуваат дека ќе ја следат работата и активностостите на потенцијалните кандидати, политичките партии и на печатените медиуми. Доколку потенцијалните кандидати и политичките партии организираат јавни собири, трибини, промоции на изборни програми, дебати, како и секој облик на јавно истакнување плакати и дистрибуција на печатени материјали, ДИК ќе заседава и ќе одлучува согласно Изборниот законик. Според соопштението од ДИК, доколку биде евидентирано водење предвремена изборна кампања во печатените медиуми ќе се утврдува нивна евентуална одговорност.
XS
SM
MD
LG