Достапни линкови

logo-print

Тирана: Албанскиот претседател бара помош од НАТО за уништување на големите количини оружје


Шефот на албанската држава, Бамир Топи, побарал помош од НАТО во процесот за уништување на огромните количини оружје и муниција кои се наоѓат во воените магацини Барањето тој директно му го кажал на командантот на НАТО во Наполи, Марк Фитџералд, со кого во Тирана разговарале околу ова прашање, како и интегрирањето на земјата во евроатланските структури. Топи искажал убедување дека на 4 април годинава неговата земја ќе стане полноправна членка на Алијасата, поради што реформата во армијата е едно многу значајно прашање.
XS
SM
MD
LG