Достапни линкови

logo-print

Изгласан планот на Обама за заживување на економијата


Планот на американскиот претседател Барак Обама за заживување на економијата, во износ од 819 милијарди долари помина во Претставничкиот Дом. Меѓутоа, гласањето ја покажа и партиската поделеност во Конгресот, бидејки неден член на републиканците не гласаше за. Инаку, со планот би требало да се отворат околу 4 милиони нови работни места.

Барак Обама ја извојува првата победа во Конгресот, иако планот за заздравување на американската економија треба да помине и во Сенатот, каде што демократите исто така имаат мнозинство. Обама се обидуваше да ги убеди и републиканците да го подржат планот, објаснувајки им дека содржи мерки за спасување или отворање милиони работни места, како и долгорочни инвестиции за одржлив развој.

,,Ќе има клучни инвестиции во развој на алтернативна енергија, побезбедни патишта, подобро здравствено осигурување и модерни училишта, што ќе биде основа за долгорочен развој и просперитет."

Обама додаде дека е свесен оти има скептицизам во врска со обемноста на пакетот, но посочи дека американците ќе имаат целосна контрола врз трошењето на парите, а ќе биде и отворена посебна интернет страница на која ќе може да се следи каде одат средствата. Американскиот претседател е свесен дека ова е само почеток на долгорочните напори за заздравување на економијата и оти ќе бидат потребни и други мерки. Главните забелешки на републиканците се дека се предвидени преголеми трошоци, а нема доволно даночни олеснувања. Републиканецот Мајк Пенс изјави

,,Единствена работа што ќе се стимулира е поголемо владино трошење и поголеми задолжувања, а претседателот ја слушна оваа порака."

Аналитичарите оценуваат дека инвестирањето во изградба на патишта и мостови ќе ја раздвижат економијата, иако за тоа ќе биде потребно време, но има дилеми дали даночните олеснувања ќе ја стимулираат потрошувачката на краток рок. Економистот Џонатан Лојнс оценува:

,,Секогаш постојат дилеми околу тоа колку можат да бидат ефикасни фискалните стимулации кога луѓето знаат дека тие ќе мора да платат за тоа. Знаеме дека владините долгови растат рапидно во сите светски големи економии, па ќе биде потребна голема фискална консолидација, со други зборови зголемување на даноците."
XS
SM
MD
LG